Политика

Мицкоски: Бугарија ја попречува евроинтеграцијата

19.06.2025 13:19

Премиерот нагласи дека за нас е добро тоа што на површина конечно излезе вистинската причина и вистинската стратегија која доаѓа од нашиот источен сосед...

По седум години комплексот македонско село во Горно Нерези ги отвори портите. Присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на повеќе новинарски прашања.

„Би бил најсреќен ако се изгласа Извештајот на известувачот за Македонија, Томас Вајц. Деновиве добивам информации за жестоки притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската влада, дека ако биде изгласан тој извештај тоа би можело ги радикализира проруските струи, против проевропската сегашна бугарска влада. Тоа доволно дава одговор во каква состојба е една членка на Европската унија и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес за кој од опозицијата се подготвени на слепо само да потпишуваат“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот нагласи дека за нас е добро тоа што на површина конечно излезе вистинската причина и вистинската стратегија која доаѓа од нашиот источен сосед, а тоа е, како што кажа, создавање на „сегашна македонска нација“ со „сегашен македонски идентитет“ којашто го говори својот мајчин „сегашен македонски јазик“, а почива на бугарски корени.

Повеќе за оваа тема известува Миле А. Ристески