Во 2014 регистрација на фирми по електронски пат

17.12.2013 15:15

Регистрирањето на фирми во Македонија од февруари  ќе се врши само по  електронски пат, без надоместок. постапката во само еден чекор ќе ја спроведуваат   овластени агенти. Засега ги има само 121. Он-лајн  регистрирале 240 субјекти.

Порачуваме сите да почнат да регистрираат електронски. Во 2013-та бизнис стартувале 6300 нови компании. Во нормална процедура згаснале околу 3760, информира Ванчо Костадиновски, директорот на Централниот Регистар.

Од евиденција се избришани  и  4200 кои ја почнале постапката за регистрација во судот, а не ја префрлиле во централниот регистар. Истата судбина ќе ги снајде и 3500  со блокирани сметки. се чека УЈП да се изјасни каков статус имаат 6100 фирми кои  повеќе три години не поднесуваат годишни пријави, односно 37 740 кои немале  банкарски трансакции . Во ценралниот регистар се евидентирани 100 илјади фирми. Бизнис се регистрира само за еден ден, но  успеваат само оние што вложуваат.

Остануваат најмоќните кои инвестираат и одат напред. сите други глобализацијата ги јаде. Колку што е битно да се отвораат нови компании, битно е и да се одржуваат.

До крајот на декември  централниот регистар ги отвора вратите во 20 градови. Ќе информира и за законските измени за трговските друштва, задолжницата и за електронските нарачки и преземањето документи. 

Сузана Фиданска Стоевска