Македонија

Високи температури-високо ниво на ризик

19.06.2025 17:55

Високите температури носат високо ниво на ризик. Лекарите со апели да се спречат топлотни удари. Особено внимателни да бидат родителите на доенчињата и хронично болните. Периодов се очекува и зголемен број на стомачни вирози…

Летните горештини носат високо ниво на ризик. Здравствените работници со апел до граѓаните, да се спречат топлотни удари. Особено внимателни да бидат родителите на доенчињата и повозрасните деца, но и хронично болните, бремените. Препорачуваат периодов што следи, на екстремно високи температури, да се консумираат повеќе течности и лесна храна. На прошетки да се излегува во утринските или вечерните часови, но и да се внимава да нема поголема разлика од десет степени, од внатрешната и надворешната температура.

„Многу грешки се прават во тоа недавање на течност и преоблекување. Апелирам до сите родители, баби, дедовци не ги прегревајте децата. Температурата во соба сите велиме мора да биде меѓу 22 и 24 степени нека е и до 25 степени, сметајќи колку ќе бидат сега летните температури. Препораката е веднаш дали со сончаница или топлотен удар да се тргнат во ладна просторија, да се лади телото, дали користење туш со млака вода, ладни облози и водата, пиење на течности“- апелира д-р Мира Атанасова, матичен лекар.

Лекарите појаснуваат сончаницата за разлика од топлотниот удар е пократка. Најчесто се јавува по изложување на телото на сонце, а најпогодени се дечињата. Топлотниот удар може да се случи и кога лицето не е директно изложено на сонце. Симптоми се главоболки, мачнина, вртоглавица, па се до колапс.

„Бегаме сè по сенка, се консумираат повеќе течности“-вели една граѓанка.

„Во соби повеќе, ладни простории, клима и не смееш да одиш“-дополнува друга.

„Избегнуваме да одиме, сега во продавницата само да прашам“-нагласи трета.

„Многу топло, но тоа ни е“-посочи жителка.

„Повеќе течности и поздраво тело“-вели друг.

„Малку и повеќе е топло, јас со оглед на годините капа ставив“-истакна кумановка.

Препораката е и редовно да се зема препишаната терапија.

Со високите температури лекарите ги очекуваат и стомачните вирози. Веќе во ординациите евидентираат пациенти и со ова заболување.

Елена Георгиевска