Жесток притисок да не се прифати извештајот за напредокот на земјава
Бугарските европратеници и владата вршат жесток притисок да не се прифати извештајот за напредокот на земјава, открива премиерот Христијан Мицкоски...

Бугарските европратеници и владата вршат жесток притисок да не се прифати извештајот за напредокот на земјава, открива премиерот Христијан Мицкоски. Посочува дека бугарската страна останува на прифаќање на нивните амандмани со кои македонскиот идентитет и јазик би се означиле како „сегашни“.
Барем засега, останува и неизвесна средбата меѓу македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Жељасков, на самитот на НАТО во Хаг.
Пред само неколку денови бугарскиот претседател Радев рече дека нема да има нови условувања кон земјава откако Бугарите ќе бидат впишани во Уставот, на што Мицкоски реплицираше дека не треба да се слуша што бугарската страна говори, тукушто работи.
Му реплицираше на бугарскиот претседател дека веднаш треба да бидат повлечени нивните амандмани во однос на Извештајот за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес.
Миле А. Ристески
