Нотарска комора

Нотарите бараат зголемување на тарифите

19.06.2025 17:20

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа...

Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари.

Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа.

Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на 20.000 граѓани да има еден нотар, сега тој број да е значително поголем.

Од Министерството за правда велат дека во моментов не се работи на промена на нотарските тарифи. Ова прашање, велат, ќе се разгледува кога се пристапи кон законски измени и ќе се извршат сеопфатни анализи.

Претходно, Катастарот ги намали цените за дел од услугите за дури 75%.

Борис Грујоски