Да се следат лекарските протоколи, повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки
Рано е за ласерски и естетски корекции на лузните, мора да се следат лекарските протоколи, повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки, да се консултираат со стручниот тим којшто им стои на располагање во кочанската болница, апелира првиот човек на ФЗОМ...

Рано е за ласерски и естетски корекции на лузните, мора да се следат лекарските протоколи, повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки, да се консултираат со стручниот тим којшто им стои на располагање во кочанската болница, апелира првиот човек на ФЗОМ. Компресивната облека ќе треба да ја носат две години и таа ќе биде обезбедена.
Во однос на забелешките дека состојбата во кочанската болница е катастрофална, Клековски вели се добива впечаток како да нема болница, како да е гранапче. Истакна дека таа болница има редовен буџет од 4 милиони евра, има 50 лекари и 100 медицински сестри.
Лекувањата на сите повредени се покриени, и на тие шест кои немале здравствено осигурување.
Во кочанската болница десетина пациенти се третирани со плазма со тромбоцити.
Министерството за образование треба да излезе со став за школување на повредените деца, коишто се трета или четврта година средно.
Наташа Јанчиќ-Менковски
