Кривичен суд

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

20.06.2025 08:34

Во Кривичниот суд Скопје продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Денеска одбраната на Љупчо Палевски и другите обвинети треба да имаат завршни зборови...

Во Кривичниот суд Скопје продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Денеска одбраната на Љупчо Палевски и другите обвинети треба да имаат завршни зборови.

На претходното рочиште, одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство, пак, побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.

Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „Ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.