САД

Трамп ја задржува командата над Националната гарда

20.06.2025 09:15

Правниот спор во САД околу ограничувањата за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес по избувнувањето на насилните протести против имиграциските рации, заврши во корист на Трамп...

Правниот спор во САД околу ограничувањата за распоредување на Националната гарда во Лос Анџелес по избувнувањето на насилните протести против имиграциските рации, заврши во корист на Трамп.

Апелацискиот суд пресуди дека претседателот може да продолжи да ги контролира трупите, и покрај противењата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Тричлениот совет од судии вели дека тоа што Трамп не ја издал наредбата за федерализација директно преку гувернерот на Калифорнија, не го ограничува неговото инаку законско овластување да ја повика Националната гарда. На спорот му претходеа насилни демонстрации против имиграциската политика и рациите за депортација од страна на имиграциските власти по што американската влада распореди 4 илјади војници на Националната гарда и 700 маринци.