Хамас му се закани на Израел со долготрајна војна

17.08.2014 13:06

Израел мора да ги прифати барањата на палестинскиот народ или ќе се соочи со долготрајна војна, објави високиот претставник на Хамас, Осама Хамдан на својот профил на Фејсбук.

Хамдан во објавата наведува дека понудите кои и се доставени на палестинската делегација на преговорите што се во тек во Каиро, не ги задоволуваат барањата на Палестинците.

Израел и Хамас во средата постигнаа договор за продолжување на примирјето во Газа за уште пет дена, со цел на преговарачите во Каиро да им се даде шанса да постигнат договор за траен прекин на огнот.

Примирјето истекува утре вечер.