Жртви и повредени во најновите руски напади врз Одеса и Харков
Украина и Русија продолжуваат со нападите додека двете страни јавуваат за соборени дронови. Во најновите руски удари врз Одеса и Харков има жртви и повредени, меѓу нив и деца. Зеленски бара посилни санкции за Москва...

Украина и Русија продолжуваат со нападите додека двете страни јавуваат за соборени дронови. Во најновите руски удари врз Одеса и Харков има жртви и повредени, меѓу нив и деца. Зеленски бара посилни санкции за Москва, истакнувајќи ја потребата да се казни агресорот кој непрекинато продолжува да ја напаѓа Украина и да врши, како што рече, намерен терор како оној врз Киев. Оценува дека распоредувањето на беспилотни летала „шахед“ од ирански дизајн и севернокорејска муниција од страна на Русија е доказ дека сојузниците на Киев не вршеле доволен притисок врз Москва.
„Немаше никаква воена логика зад нападот врз Киев. Ова е намерен терор што армијата на Путин го прави насекаде, од Чеченија до Сирија. Токму тоа ги обединува со режими како оние во Иран и Северна Кореја. Сега се обидуваат да ја спасат нуклеарната програма на Иран. Кога некој од нивните сојузници ќе ја изгуби можноста да извезува војна, Русија страда и се обидува да се меша. Ова е цинично. Тоа одново докажува дека на агресивните режими не смее да им се дозволи да се обединат и да бидат партнери. Кога иранските „шахеди“, и балистичките ракети од Северна Кореја ги убиваат нашите луѓе во Украина, тоа јасно покажува дека глобалната солидарност и притисок се недоволни. Санкциите мора да бидат многу построги“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
