Македонија

Протест на сточарите од пелагонискиот регион

20.06.2025 10:01

Од Владата најавија дека списоците за исплата на сумите со заостанатите субвенции по грло говеда се веќе изготвени.

Сточари од пелагонискиот регион за денеска закажаа протест поради неисплатени субвенции. Од Владата најавија дека списоците за исплата на сумите со заостанатите субвенции по грло говеда се веќе изготвени.

И покрај оваа информација, сепак сточарите не отстапуваат и ќе се појават на закажаниот протест пред подрачното битолско одделение на Министерството за земјоделство.