„ЕУ за млади“ - проект за стручно образование и вработување на младите
Европската унија финансира стручно образование на младите во земјава со цел да најдат вработување и да не се иселуваат во странство. Македонија е прва земја која не е членка на ЕУ каде се спроведува проектот „ЕУ за млади“ вреден 16,5 милиони евра…

Македонија е прва земја што не е членка на ЕУ каде се спроведува проектот „ЕУ за млади“ за стручно образование, вработување и спречување на иселувањето на младите од земјава.
Во изминативе три години со финансиска поддршка од 16,5 милини се модернизираа средните стручни училишта во Куманово, Тетово и Охрид со што се обезбедени квалитетно изведување на наставата за стручно образование и подобрени условите за учење и работа на учениците и наставниот кадар.
Целосно се реконструирани и шест регионални центри за вработување во Охрид, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево и Македонски брод, со што се подобрија условите за пристап до пазарот на трудот за потребните кадри. Со ова, еу смета дека ќе се подобри иднината на младите во својата земја.
„Целта на проектот е да се зголеми вработувањето на младите и да се запре нивното иселување од земјата, со што ќе се придонесе за економијата и напредокот на северна Македонија“, изјави Александру Албу-делегација на Европска комисија во Скопје.
Со проектот е воведен системот за следење на успехот на учениците и добивање информации за професиите што недостигаат во Македонија. Сите што завршуваат стручно образование можат да побараат и финансиска поддршка за самовработување.
Ирина Гелевска
