РКЕ
Дизелот повторно поскапува од полноќ
20.06.2025 12:27
Цената на дизелот од полноќ се зголемува за дополнителни 2 денари...

Цената на дизелот од полноќ се зголемува за дополнителни 2 денари и од утре ќе изнесува 72 денари.
Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 - 76 денари, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 78 денари по литар.
Останува иста и цената на екстралесното масло за домаќинство (70 денари по литар) и на мазутот кој се продава по цена од 40,9 денари по килограм.
