44-годишна охриѓанка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа
Во тешка сообраќајна несреќа синоќа на булеварот „Туристичка“ во Охрид животот го изгуби четириесет и четиригодишната охриѓанка а.б., а со тешки телесни повреди се здоби педесет и две годишниот Д.П. Од Скопје. И двајцата се движеле во пешачка зона кога во нив удрило возило фолксваген голф управувано од дваесет и двегодишниот и.с. Од прилепското село Пашино Рувци. Возачот е лишен од слобода поради постоење сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот...

Четириесет и четиригодишната А.Б. од Охрид, синоќа го изгуби животот, додека педесет и двегодишниот Д.П. од Скопје се здоби со тешки телесни повреди, кога на булеварот „Туристичка“ во близина на гимназијата во нив, во пешачка зона удри возило фолксваген голф управувано од дваесет и две годишниот И.С. од прилепското село Пашино Рувци со привремен престој во Охрид. Од засега непознати причини возилото кое се движело со поголема брзина од дозволената изгубило контрола, при што преминало преку кружниот тек, по што удрило во метален столб и во пешаците.
„По синоќешната сообраќајна незгода во Охрид, денеска СВР Охрид по налог на јавен обвинител го лиши од слобода 22-годишниот возач на патничкиот автомобил фолксваген и во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно членот 300 од кривичниот законик на Република Македонија-тешки дела во безбедноста против луѓето и имотот во сообраќајот“, изјави Стефан Димоски – портпарол на СВР Охрид.
Веднаш по несреќата двете лица се транспортирани во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.
„Една жена на 44-годишна возраст донесена во тешка коматозна состојба, при прием констатирано со проширени зеници, срцев застој и без сопствено дишење. Од дежурните колеги. Од дежурните колеги беше пристапено веднаш кон срцево, белодробно оживување, во неколку наврати пробана реанимација, за жал без успех и е констатирана смрт кај пациентката“.
Иако СВР Охрид од почетокот на годината заклучно со мај има поднесено три илјади прекршочни платни налози кон возачи коишто го прекршиле Законот за безбедност во патниот сообраќај и уште седум кривични пријави поради предизвикување на незгоди со тешки телесни повреди или смртни последици, по се изгледа тоа не делува превентивно за дел од несовесните возачи.
Сашо Нелоски
