Рехабилитација на повредените

Се подобруваат условите во кочанската болница, Пониква ќе ги прими првите пациенти

20.06.2025 16:17

Се реконструира одделението за физикална медицина во кочанската болница, а одморалиштето Пониква, комплетно реновирано, ќе ги прими првите 50 пациенти...

Се реконструира одделението за физикална медицина во кочанската болница, а одморалиштето Пониква, комплетно реновирано, ќе ги прими првите 50 пациенти повредени од стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Веќе се пристигнати креми и лепенки за третман на повредените. Се прават и скенирани 3Д-маски за осуммина повредени во пределот на лицето и главата – информираше директорката на кочанската болница.

Наскоро се очекува пациентите да добијат и втор пар од компресивната облека бидејќи таа се менува на шест месеци.

А Пониква ќе ги прими првите пациенти на рехабилитација. Комплексот е целосно реновиран. Повредените ќе бидат под постојана нега со прегледи и групни вежби.

Покрај домашните, се предвидува и посета од странски доктори. За полесно лекување пулмолози од „8 Септември“ од Скопје ќе ги прегледуваат пациентите во Кочани.

Миле А. Ристески