Завршни зборови за двојното убиство, пресуда на 25 јуни
Уапсен вработен во Народна банка по сведочење на обвинетиот Манев во случајот со двојното убиство. Палевски вели – обвинителството нема докази за негова вина, обвинението е фингирано. Пресуда на 25 јуни...

Дали Зоран Давитков е лицето коешто го уништило ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче? Одговор на ова прашање ќе треба да даде обвинителството, по чиј налог техничарот вработен во Народната банка е приведен во полициска станица.
Токму ова лице беше посочено од обвинетиот Велибор Манев кој во завршен збор пред судот рече дека Палевски побарал од Давитков, кој бил член на партијата „Десна“ да се ослободи од т.н. пакет, а по оваа негова изјава обвинителството побара итно приведување на споменатиот.
Палевски во завршен збор рече дека Манев бил организатор, Кешишев стражар, а Видевски извршител на убиствата. Според него, Обвинителството немало докази за негова вина, обвинението било фингирано, а доказите манипулирани. Пресудата според него била позната уште пред да почне истрагата, а МВР и обвинителството направиле крупни грешки во утврдувањето на вистината.
Анита Димитријевска – Велковска
