Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за Коридорот 10
Социјалдемократите обвинуваат за сомнежи од криминал поврзани со изградбата на пругата од Коридорот 10. Велат „проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. Од ВМРО-ДПМНЕ со став – СДСМ уште еднаш покажа дека е партија која е против градба на железница, на болници и други капитални проекти.

„Проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини“, обвинуваат од Социјалдемократскиот сојуз. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува најголемиот тендерски криминал во поновата историја.
СДС е партија против градба на железница, болници и други капитални проекти, велат од владејачката партија.
Министерството за финансии на 17-ти месецов испрати до 22 меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга по должина на Коридорот 10.
Ана Јосифовска
