Свет

Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран

21.06.2025 10:12

Во изминатата ноќ израелската војска предупреди за претстојна ракетна баража од Иран, активирајќи сирени за воздушен напад низ делови од централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и на западниот брег окупиран од Израел.

Израел и Иран продолжуваат со меѓусебните напади. Во изминатата ноќ израелската војска предупреди за претстојна ракетна баража од Иран, активирајќи сирени за воздушен напад низ делови од централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и на западниот брег окупиран од Израел.

Истовремено, Израел почна нов бран напади врз локации за складирање и инфраструктура за лансирање ракети во Иран.

Претходно, иранскиот министер за надворешни Арагчки, дециден дека нема простор за преговори со САД, сè додека не престане израелската агресија. Сепак, тој пристигна во Женева на разговори со европските министри за надворешни на кои Европа се надева дека ќе се отвори патот за дипломатско решение.

Американскиот претседател Трамп на Иран му даде рок од две недели за договор, во спротивно најави дека САД влегуваат во воената интервенција со Иран.