Африка

Тројца лекари се лекуваат со експерименталниот лек против Ебола

17.08.2014 16:09

Тројца африкански лекари заболени од ебола добиле доза од експерименталниот американски лек против смртоносниот вирус. Лекарите, двајца од Либерија и еден од Нигерија, се првите африканци подложни на овој третман. На двајцата американски лекари на кои претходно им беше даден лекот им се подобрува здрвствената состојба, но шпанскиот свештеник почина во Мадрид во текот на примањето на терапијата.

Кенија ја затвори границата за патници од Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, земјите каде што е прогласена епидемија од ебола. Според властите, мерката е донесена поради грижа на здравјето на кениските граѓани.