Задолжителна обука за лицата кои учествуваат во гаснење пожари
Недостигот од професионални пожарникари за справување со големиот број пожари во летните месеци, се надополнува со сезонски и пожарникари од доброволните противпожарни друштва. Но, за да можат истите да се справат со овие појави, потребно е да бидат соодветно обучени...

Недостигот од професионални пожарникари за справување со големиот број пожари во летните месеци, се надополнува со сезонски и пожарникари од доброволните противпожарни друштва. Но, за да можат истите да се справат со овие појави, потребно е да бидат соодветно обучени. Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола, неодамна помина тридневна обука за гаснење шумски и пожари на отворено.
По топлиот бран изминатиов период, се појавија и првите летни пожари на отворено ширум државава, ова е само најава за она што не очекува во текот на летото, кога според метеоролозите ќе имаме екстремно високи температури.
За справување со пожарите во летниот период, владата со оперативниот план за 2025 предвидува вработување на 400 пожарникари.
Во зависност од тоа каков ќе биде ангажманот на овие лица, задолжително мора да поминат низ обука за професионални, доброволни или сезонски пожарникари од страна на надлежните, и тоа час поскоро – велат од Центарот за обука за заштита од пожари.
Во Македонија неофицијално има околу 900 пожарникари, а недостигот се чувствуваат речиси во сите територијални противпожарни единици.
Александра Максимовска
