Русија

Путин подготвен да се сретне со Зеленски, само во последната фаза од преговорите

21.06.2025 11:24

Путин додаде дека и руската и украинската делегација се согласиле да имаат уште една рунда преговори по 22 јуни. На економскиот форум во Санкт Петербург, Путин ги повтори максималните барања на Русија во војната против Украина.

Рускиот претседател путин изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот колега Зеленски, но само за време на „последната фаза“ од преговорите за прекин на конфликтот, додавајќи дека пред тоа треба да се заврши многу работа.

Путин додаде дека и руската и украинската делегација се согласиле да имаат уште една рунда преговори по 22 јуни. На економскиот форум во Санкт Петербург, Путин ги повтори максималните барања на Русија во војната против Украина.

„Реков дека сум подготвен да се сретнам со сите, вклучително и со Зеленски. Но, само во некаква последна фаза, за да не седиме таму и да делиме нешто бесконечно, туку да ставиме крај на тоа. Но, потписот мора да го стават легитимните власти. Инаку, следниот одговорен ќе дојде и ќе го фрли сето тоа во ѓубре. Се справуваме со сериозни проблеми. Затоа не се откажувам од тоа. Но, треба да се заврши многу работа“, нагласи Путин.