Венс се сретна со војници и агенти во Лос Анџелес
Протестите и насилните немири во Лос Анџелес во голема мера се смирија во последните денови, откако беа предизвикани од мерките на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата.

Потпретседателот Џеј Ди Венс во Лос Анџелес го обиколи повеќеагенцискиот федерален заеднички оперативен центар и се сретна со војници и федерални агенти распоредени во градот од администрацијата на Трамп.
Протестите и насилните немири во Лос Анџелес во голема мера се смирија во последните денови, откако беа предизвикани од мерките на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата.
Венс го обвини гувернерот Гевин Њусом за „загрозување на спроведувањето на законот“ и „поттикнување насилство“ против политиките на претседателот.
„Апсолутно би рекол дека гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом го загрозува спроведувањето на законот. Самите службеници за спроведување на законот ми го кажуваат тоа – дека кога излегуваат, да речеме дека имате службеник на граничната патрола кој треба да излезе и да уапси некого, можеби насилен криминалец кој е исто така и нелегален странец. Во рок од 15 минути доаѓаат демонстранти, понекогаш и насилни“, изјави Венс.
