Култура

Концерт на „Баклава“ на Скопско лето

21.06.2025 15:16

Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.

На 23-ти јуни (понеделник) ќе се одржи концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан…

Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.

На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: Баклава, Калемар, Ме манкас мучо, IV и За Скопје со љубов - како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам. Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и длабоки емоции.

Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 500 денари, кои ќе се продаваат на влез на Куршумли ан, пред почетокот на настанот.