Куманово

Полицијата во превентивна акција за заштита на домовите на граѓаните

17.08.2014 16:40

Граќаните треба сериозно да ја сфатат и да ја применуваат акцијата на полицијата за заштита на сопствениот имот, посебно во летните месеци. Натрапниците се вешти во откривањето кога заминувате на годишен одмот и слободно оперираат во вашиот стан. Како да се одбраните?

Најмногу на удар на натрапниците се граѓаните за време на летните одмори. Разбојниците најчесто влегуваат насилно во куќите и во становите кога домќините не се дома, а главна цел им се парите, златниот накит, а во последно време изнесуваат и апарати за домаќинсто и техника.

„Треба да се пријави доколку се види некој сомнителен да кружи на улица или во мало и надлежните да преземат мерки.

„Ние живееме во близина на паркот и ноќеска се собираат сомнителни групи лица , така што во овој дел има регистриано доста кражби.

„Златото најмногу го крадат, затоа што најлесно го продаваат“, велат анкетираните граѓани.

Полицијата за време на летните месеци ја реализира Акцијата „Повлечи потег заштити го својот имот на време“ наменета за намалување на тешките кражби во возилата. Испечатените флаери им се делат на граѓаните заедно со сметките за вода и ѓубрарина.

„Да не оставаат податоци на фејсбук и останатите социјални мрежи кога не се присутни во домовите, да ги чуваат на безбедно место вредните предмети и да ги заклучуваат прозорците и вратите се советите кои им ги делиме на граѓаните во однос на заштита од крадците“ вели Виолета Богдановска, началник на оддел за превенција при СВР Куманово.

Проектот на МВР за превенција од имотни деликти е поддржан од ОБСЕ и спроведува во сите Општини во држава.

Инаку, полициската пракса вели дека во просек за три месеци се ограбуваат околу 400 домови, што според тоа би значело дека годишно во државата жртви натешки кражби се околу 1600 семејства.

Габриела Димковиќ