САД бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, Трамп се закани со нови напади доколку нема траен мир
Нападите беа спектакуларен воен успех, рече Трамп во телевизиско обраќање од Белата куќа. Додаде дека клучните нуклеарни постројки за збогатување ураниум на Иран се целосно и тотално уништени.

Американските сили ги нападнаа трите главни нуклеарни постројки на Иран. Претседателот Трамп го предупреди Техеран дека ќе се соочи со уште поразорни напади доколку не се согласи на траен мир.
Нападите беа спектакуларен воен успех, рече Трамп во телевизиско обраќање од Белата куќа. Додаде дека клучните нуклеарни постројки за збогатување ураниум на Иран се целосно и тотално уништени.
„Нашата цел беше уништување на капацитетот за нуклеарно збогатување на Иран и запирање на нуклеарната закана што ја претставуваше државата број еден во светот, спонзор на теророт. Вечерва можам да му соопштам на светот дека нападите беа спектакуларен воен успех. Клучните објекти за нуклеарно збогатување на Иран се целосно и целосно уништени. Иран, насилникот на Блискиот Исток, сега мора да склучи мир. Ако не го сторат тоа, идните напади ќе бидат многу поголеми и многу полесни“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Трамп за неговата, како што рече, смела одлука.
„Со ова, Соединетите Американски Држави се придружија со поголем интензитет и со голема сила кон нападите на израелските одбранбени сили и Мосад врз нуклеарната програма на Иран. Оваа програма го загрози нашето постоење, а исто така го загрози и мирот во целиот свет. Му честитав нему, на американските пилоти и на американскиот народ. Претседателот Трамп е силен лидер на слободниот свет. Тој е голем пријател на Израел, пријател како никој друг“, нагласи израелскиот претседател, Бенјамин Нетанјаху.
Амбасадорот на Иран во Обединетите нации побара итен состанок на Советот за безбедност поради како што рече „гнасните напади и нелегална употреба на сила“ од САД против Иран.
Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи, на социјалните мрежи напиша дека Техеран „ги задржува сите опции“ за одмазда.
