Македонија
„Марш за ангелите“ во Кочани - родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството
21.06.2025 20:52
Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани го одржаа десеттиот „Марш за ангелите“...

Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани го одржаа десеттиот „Марш за ангелите“. Се собраа во знак на почит кон оние што трагично настрадаа, а со цел да испратат порака до власта дека бараат правда за своите најблиски.
Маршот почна од Паркот на револуцијата во центарот на градот. Родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството.
