Охрид

Заштитата на охридската пастрмка приоритет на министерството за земјоделство

17.08.2014 16:47

Да се зачува охридската пастрмка што е бренд за Македонија, ќе биде еден од приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави денеска ресорниот министер Михаил Цветков, кој беше во посета на риболовниот пункт на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“.

Сега се лови само белвицата, информираа концесионерите, заштитата на рибниот фонд е подобрена заради зголемениот мониторинг на уловот од страна на инспекторите.

„Со концесионерот разговаравме за за тоа што е потребно да се направи за да ја вратиме пастрмката во Охридското езеро, да го вратиме брендот, што е тоа што ние како држава, како ресорно министерство треба да направиме за да помогнеме“, рече Михаил Цветков, министер за земјоделство.

Јованчо Наумовски