Привремено решение за хаосот со паркингот на скопските клиники
Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските клиники, и привремено ќе се ублажи проблемот со паркирањето.

Хаосот со паркингот на скопските клиники засега ќе има само привремено решение, од 1-ви јули вработените ќе може да паркираат и во комплексот „Лимак“, најави министерот за здравство, Алиу.
Ќе се обезбедат 300 паркинг места за вработените на скопските клиники, и привремено ќе се ублажи проблемот со паркирањето.
Паркинг просторот ќе се мапира со соодветни табли, во моментот на Клиничкиот центар има околу 700 легални паркинг-места, но дневно таму се паркираат над 2.000 возила, што доведува до хаотична ситуација и небезбедно паркирање по тротоари и тревници.
Што се однесува до здравството, кое со години е во пад и според методите на лекување и според апаратурата што ја користи, министерот вели дека е потребна стратегија и реформи.
Во меѓувреме, експерт за пластична хирургија ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани, кои се на рехабилитација во Пониква, за да види какви потреби имаат и како ќе може да им се помогне, рече министерот Алиу.
Борис Грујоски
