Бесими: Да се признае македонскиот напредок

17.12.2013 15:17

На завршната годишна средба со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ акредитирани во Република Македонија, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими искажал очекување дека на декемврискиот самит земјите-членки ќе го признаат напредокот на Република Македонија потврден со извештајот на Еврокомисијата. Тој ги запознал амбасадорите со исходот од разговорите при неодамнешната посета на Брисел и европските институции и за последните активности  што се преземаат за надминување на забелешките од Извештајот на Европската комисија за годинава.

На завршната годишна средба со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ акредитирани во Република Македонија, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими искажал очекување дека на декемврискиот самит земјите-членки ќе го признаат напредокот на Република Македонија потврден со извештајот на Еврокомисијата. Тој ги запознал амбасадорите со исходот од разговорите при неодамнешната посета на Брисел и европските институции и за последните активности  што се преземаат за надминување на забелешките од Извештајот на Европската комисија за годинава. Бесими ја потврдил посветеноста на Владата за продолжување на реформите и евроинтегративниот пат на земјата. Ја повторил заложбата за решавање на отворените прашања со соседите и побарал поддршка од членките на ЕУ за олеснување на надминувањето на постојните разлики со Грција и со Бугарија.