Нема услови за авионска евакуација на македонски државјани од Тел Авив
Апел до граѓаните да користат алтернативна морска рута од пристаништата Ашдод до Лимасол преку Кипар.

Нема услови за организирана авионска евакуација на македонски државјани преку Тел Авив, затворен е воздушниот простор во Израел, соопшти македонската амбасада. Апел до граѓаните да користат алтернативна морска рута од пристаништата Ашдод до Лимасол преку Кипар.
Следна достапна опција е патничкиот брод „Краун Ајрис“ што според најавите од амбасадата ќе отплови в петок, на 27 јуни, во 12 часот.
Вкупниот број граѓани кои се заинтересирани да се евакуираат изнесува 27, велат од МНР. Апел до граѓаните кои немаат валиден пасош или патна исправа итно да се јават во дипломатската мисија на Тел Авив за да им биде издаден патен лист кој ќе им овозможи напуштање на Израел.
Истите може да се обратат на телефоните на амбасадата и МНР.
