Директен пренос на МРТ1 на 5 јули

Концерт „Од МОБ за Скопје“ по повод 200- годишнината од раѓањето на Штраус

22.06.2025 19:56

Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

На 5 јули од 21 часот платото пред Националната опера и балет ќе се одржи гала концертот „Од #MOБ за Скопје“.

Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на МРТ1, но регистрацијата е задолжителна.

Од Националната опера и балет најавуваат единствена можност да се ужива во врвна музика под отворено небо, во срцето на Скопје.