Временска прогноза
Сончево и топло, температурите ќе одат до 36 степени
23.06.2025 08:17
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер...

Сончево и топло – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
