Украина
Киев повторно цел на руските дронови, има жртви и повредени
23.06.2025 09:20
Русија изврши нови масовни напади врз неколку локации во Украина...

Русија изврши нови масовни напади врз неколку локации во Украина. Киев повторно цел на руските дронови. Има жртви и повредени.
На дипломатски план, ситуацијата непроменета. Кремљ соопшти дека средба со Трамп не е планирана, но може брзо да се организира доколку е потребно. Преговорите меѓу Русија и сад во застој поради несогласувања за локацијата на состанокот.
Путин предлага Украина да биде неутрална држава без нуклеарен арсенал, повикувајќи на враќање на статус кво од 1991 година. Зеленски предупреди на можни нови руски воени операции во Европа и најави координиран одговор со обединетото кралство и ЕУ за зајакнување на одбраната.
Бојана Крстевски
