Скопско лето 2025

Јубилеен концерт на „Баклава“ во Куршумли ан

23.06.2025 11:30

Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“...

Денеска, со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“.

Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.

На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“ – како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.