Македонија

УХМР со предупредување за топол бран, од среда температури до 40°C

23.06.2025 12:22

Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на места ќе достигне до 40°C.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, инфорираат од УХМР.

Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на места ќе достигне до 40°C.

Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.