Катастрофа од Данска!
Македонските ракометари до 18 години и по третпат се поразени на Европскиот шампионат во Полска. Данска којашто досега на 11-те европски првенства во оваа категорија има шест медали и тоа злато од 2001-ва и две сребра и три бронзи триумираше со 38:20.

Врвниот потенцијал, Данците го демоснтрираа уште од стартот на мечот кога во осмата минута поведоа со 6:0. Импресионирани од противникот и од фактот дека се дебитанти на шампионатот, нашите млади ракометари одиграа слаб натпревар во којшто во првото полувреме губеа со 11, а на крајот беа поразени со најубедливи 18 гола разлика. Саугструп кај Данска и Давидовски кај Македонија беа најефикасни на натпреварот со по седум голови.
Данска со максимални шест бода го освои првото место во групата Б, Шпанија е втора со четири откако славеше против Русија со 25:22. Ови две репрезентации ќе продолжат во главната фаза. Русија со два и Македонија без бодови ќе играат за што подобар пласман од деветото до 16-то место.