Македонија

ФЗОМ: Советувањето со странските експерти за Кочани продолжува

23.06.2025 19:15

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, денеска оствари средба со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија...

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, денеска оствари средба со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.

„Разговаравме за потребите на повредените и кои се можностите. Овие естетско-функционални протези се наменети за специфични потреби, се прават скроено по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Разговаравме и за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска“, изјави директорот Клековски.

Од ФЗОМ нагласуваат дека продолжува соработката со експерти за да се обезбеди најдобра здравствена заштита за повредените.