Оклахома е нов шампион во НБА лигата
Најефикасен кај Оклахома беше Шеј Гилџис-Александер со 29 поени и 12 асистенции, а зад него следуваа Вилијамс (20 поени), Холмгрен (16 поени, 8 скока, 5 блокади), Карузо и Волас со по 10 поени.
Оклахома Сити Тандер ја освои својата прва НБА титула откако ја совлада Индијана Пејсерс со 103:91 во седмиот, одлучувачки натпревар од големото финале. Со победата, Тандер ја доби серијата со 4-3 и запиша историски успех за франшизата.
Клучниот момент се случи на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, кога домаќините се одлепија на +21 разлика. Индијана не успеа да се врати, особено откако нивниот организатор на играта, Тајрис Халибартон, се повреди рано во натпреварот. По само седум минути игра, Халибартон ја повреди Ахиловата тетива и не се врати на теренот.
Најефикасен кај Оклахома беше Шеј Гилџис-Александер со 29 поени и 12 асистенции, а зад него следуваа Вилијамс (20 поени), Холмгрен (16 поени, 8 скока, 5 блокади), Карузо и Волас со по 10 поени. Кај Индијана се истакна Бенедикт Матурин со 20 поени и 13 скока.
Гилџис-Александер беше прогласен за МВП на финалето, со што ја заокружи сезоната во која беше избран и за МВП на лигата и член на најдобрата петорка.