Може ли Ферер да го совлада Федерер?
Нема стари, само добри тенисери, потврда за тоа е финалето на седмиот од девете мастерс турнири од серијата 1000, меѓу Федерер и Ферер. Ова ќе биде највозрасното финале во историјата на Синсинати и прво мастерс во последните 40 години во коешто ќе играат двајца тенисери со 30 или повеќе години.

Се е на страната на 33 годишниот Федерер во дуелот со година помладиот Ферер, но најмногу традицијата, Швајцарецот не е поразен нуту еднаш во 15-те меѓусебни дуели во коишто Шпанецот освоил само четири сета. Откако ја оствари рекордната 300-та мастерс победа, Федерер го совлада Мареј и беше убедлив и во полсуфиналето во два сета против Раониќ, па ќе се обиде да го задржи стопроцентниот ефект во финалињата во Охајо. Швајцарецот има пет од пет и е најуспешен во историјата на Синсинати.
Федерер досега има 21 титула колку што вкупно пехари во кариерата освоил Ферер кој досега само еднаш се радувал на пехар од „илјадарка“. Шпанецот кој во полуфиналето против Бенето загуби само пет гема, ќе го одигра осмиот меч за мастерс титула., додека за Федерер ова ќе биде 39-то финале со амбиција да го приграби вкупно 80 трофеј.
Преносот од финалето на турнирот во Синсинати којшто се игра од 1899-та година, меѓу Федерер и Ферер ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 22 часот.