КОЧАНИ

Престојот на Пониква ќе го забрза опоравувањето на повредените

23.06.2025 17:28

Специјалист за пластична хирургија им се приклучи на физијатрите и физиотерапевтите кои ги рехабилитираат повредените од пожарот во Кочани во одморалиштето на Пониква. Според лекарите, планината и добрите услови за престој ќе го забрзаат закрепнувањето на пациентите. Оваа недела во кочанската болница вторпат ќе се изведе методата со крвна плазма.,,

Рехабилитацијата овде е интензивна и заради тоа што два пати дневно добиваат масажа и вежби, а откако сонцето ќе зајде има доста рекреативни активности на отворено

Доктор Дафи Шемов од Клиниката за пластична хирургија ќе ја следи состојбата на повредените до крајот на неделата. Вели дека е задоволен од тоа како заздравуваат повредените. Во петок во кочанската болница кај дел од нив ќе се примени ПРП методата која ќе ја изведат специјалисти од Универзитетската клиника за пластична хирургија.

Славица Величковска