Временска прогноза

Сончево и многу топло со температура до 38 степени

24.06.2025 08:39

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 38 Целзиусови степени во јужните делови од државата.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална температура до 37 Цезиусови степени.

И за утре временската прогноза е сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури до 39 Целзиусови степени.