Падот на температурите ги извади граѓаните од своите домови

17.08.2014 17:40

Пониските температури ги извадија граѓаните од своите домови, а тие убаво време го искористија да го испијат утринското кафе на улицата Македонија, да одат на шопинг или да посетат некои од знаменитостите во метрополата.

Паднаа температурите, а со тоа се намалија и повиците во итната медицинска помош. Дежурните лекари  велат дека за разлика од изминатава недела кога температурите беа повисоки, а повиците се почести, на променливото време се пожалиле само граѓаните кои се хронично болни или имаат висок крвен притисок.

„Бо дванаесет часот се случија неколку итни интервенции, кои најверојатно се должат на промената на времето и нередовното земање на терапија на хронично болните. Најчсто се жалат на покачен крвен притисок, малаксаност“, вели Неделчо Јованов од брзата помош.

Скопскиот асфалт се олади од летните горештини. Пониските температури ги извадија граѓаните од своите домови, а тие убаво време го искористија да го испијат утринското кафе на улицата Македонија, да одат на шопинг или да посетат некои од знаменитостите во метрополата.

„Чат пат сонце, малку дожд, ладно, супер.“

„Многу ни одговара и многу шетаме.“

„Само ладно сакаме, топло е премногу“, велат анкетираните граѓани.

Во центарот беа и странските посетители. Убавото време го искористија за да го запознаат Скопје.

„Времето е фантастично, ова ни требаше. Се ми се доапаѓ а и градот е убав“, вели туристка од Србија.

„Денска пристигнав во Скопје, претходно бев во Охрид, денеска не послужи времето и затоа решивме да прошетаме низ градот“, вели турист од Словенија.

Живата на термометарот во Скопје го достигна само 28 степен , уживајте во овие температури затоа што од утре метеоролизите најавуваат потопло време.

Викторија Тодоровска