Франција

Вицепремиерот Николоски од денеска во работна посета во Франција

24.06.2025 09:22

Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е предвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е предвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфраструктурни проекти како дел од регионалниот развој, а исто така ќе се презентираат и условите за инвестирање во Македонија.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николоски предвидено е да се сретне со високи претставници од Министерството за надворешни работи како и претставници од Министерството за економија и финансии.

Исто така ќе оствари средба со над 10 најголеми компании во Франција пред кои ќе ги презентира приоритетните инфраструктурни проекти како и можностите за инвестирање во Македонија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е да оствари средба со министерот за транспорт, Филип Табаро.

Во рамки на посета во Париз, вицепремиерот Николоски ќе оствари работни средби и со претставници од УНЕСКО каде ќе се разговара за предизвиците во насока на зачувување на светското културно наследство.