Македонија
Топлотен бран со африкански температури
24.06.2025 09:40
Земјава од денеска влегува во топлотен бран со многу високи температури и високо УВ-зрачење...

Земјава од денеска влегува во топлотен бран со многу високи температури и високо УВ-зрачење. Од Институтот за јавно здравје апелираат за почитување на мерките за заштита, особено лицата од ранливата група граѓани.
Лекарите препорачуваат да не се излегува на отворено во критичниот период од 10 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности и да се консумира лесна храна, да се носи светла памучна облека, очила за заштита од сонце и да се употребуваат креми со УВ-фактор.
Се препорачува на работните места да се обезбеди климатизирана просторија која ќе функционира како засолниште.
