Бразил

Спектакуларно бегство од затвор во Бразил, но неуспешно

17.08.2014 17:52

Бегството на 13-мина бразилски затвореници ќе беше сосема вообичаена и веќе видена работа, доколу целата операција не ја снимеа на мобилен телефон и не ја објавија на социјалните мрежи. На видеото се прикажани бегалците кои урнебесно се забавуваат додека копаат во тоалетот од ќелијата и се споредуваа со Армадилос, мали околопни животни кои живеат во пештери. Откако  го ископале тунелот што води кон дворот, го прескокнале затворскиот ѕид и успеале да побегнат.

„Излегувај од тука, крадец копа како армадилос и успева во тоа“, вели еден од бегалците на снимката.

На затворениците не им било тешко да го пробијат тунелот бидејќи земјата под затворот е како песок. Им биле потребне четири дена, а песокот го криеле во навлаките за перници и во чаршафите. Според полицијата, ќелиите два месеца не биле претресени. Управата на затворот почна истрага за можно соучество на чуварите, а еден од нив е отпуштен од работа.

„Чуварот кој дента бил на работа не направил никаква проверка. Немало инспекција за телефони подолго време, а ќелиите не биле пребарани 60 дена. Го ископале тунелот, а потоа им било лесно да побегнат“, рече Жаклин Камарго, заменик шеф на полицијата.

Двајца од бегалците се уапсени, а еден од затворениците сам и се предал на полицијата. 

Маја Стојанова