Одбрана

Мисајловски на работна средба со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО

24.06.2025 15:37

На средбата организирана на маргините на Самитот на НАТО, министрите за одбрана ќе разговараат за неколку клучни теми поврзани со одбраната и тоа инвестициите во одбраната како предуслов за исполнувањето на НАТО Целите на способности...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Хаг, на покана на холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс ќе учествува на работната средба на министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата.

На средбата организирана на маргините на Самитот на НАТО, министрите за одбрана ќе разговараат за неколку клучни теми поврзани со одбраната и тоа инвестициите во одбраната како предуслов за исполнувањето на НАТО Целите на способности, како и развојот на одбранбената индустрија – клучен елемент во зацврстувањето на капацитетите на Алијансата во исполнувањето на заедничката цел – безбедно НАТО, сигурни над една милијарда луѓе.

Во Хаг утре ќе се одржи Самитот на Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински.