Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“

24.06.2025 11:00

Иако првичниот план предвидуваше враќање на стадионот во септември, доколку клубот навреме ги добие сите потребни дозволи, камбекот би се случил порано од очекуваното.

Фудбалскиот клуб Барселона планира да се врати на „Камп Ноу“ во август оваа година, објави „Радио Каталуња“. Според најавите, првиот натпревар на обновениот стадион би се одиграл на 10 август против италијанскиот Комо, во рамки на традиционалниот куп „Жоан Гампер“.

Иако првичниот план предвидуваше враќање на стадионот во септември, доколку клубот навреме ги добие сите потребни дозволи, камбекот би се случил порано од очекуваното.

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во јуни 2022 година и вклучуваше проширување на капацитетот на 105.000 гледачи. Додека траеја работите, Барселона ги играше домашните натпревари на Олимпискиот стадион „Монжуик“.