За една година двојно зголемен бројот на убиства во Македонија, покажува извештајот за работата на обвинителствата
За една година, бројот на новопријавени сторители на кривични дела е зголемен за 10 проценти – покажува годишниот извештај за работата на јавните обвинителства...

За една година, бројот на новопријавени сторители на кривични дела е зголемен за 10 проценти – покажува годишниот извештај за работата на јавните обвинителства.
Лани е постапувано во предмети против повеќе од 37 илјади сторители на кривични дела. За 40 проценти е зголемен бројот на пријави поврзани со безбедноста на сообраќајот, а за двојно е зголемен бројот на убиства, квалификувани во потежок облик.
Бројот на предмети е зголемен, но, е намален бројот на обвинители и службеници.
„Ако се има предвид континуираното намалување и на бројот на јавни обвинители и на бројот на јавнообвинителските службеници, како и недоволниот обем на средства кои се далеку под законски утврдениот минимум, јасно е дека ваквиот зголемен прилив на предмети претставува дополнителен предизвик за капацитетите“, се констатира во извештајот.
Посебни истражни мерки се користени во 35 случаи, за разлика од 87-те во претходната година.
