Пуштен во употрбеа нов локален пат до село Ратево
Агенцијата за државни патиште продолжува со обновување на локалната патна инфраструктура во источна Македонија. Денес беше пуштен во употреба патот кон беровското село Ратево во должина од 1,7 километри, инвестиција од 6,7 милиони денари.

До крајот на годината Агенцијата, преку заем кој владата го зеде од Светска Банка и Европска банка за обнова и развој, планира да изгради и реконструира околу 70 километри магистрални и регионални патишта во овој дел на државата. Приоритети се патните правци Штип – Кадрифаково во должина до 27 километри, автопатот кон Скопје во должина од 47 километри, Штип – Кочани - Македонска Каменица – Делчево и патот од Штип кон Радовиш.
„Спроведувајќи ги владините политики јавното претпријатие веќе има реализирано некаде околу 641 километар локални патишта, тоа е од програмта на владата која првите резултати со локалните патишка ги даде некаде во 2010 година. Од тој период до денес, вклучително и овој локален пат, се завршени некаде околу 641 километар. Продолжуваме и во 2015 година и вкупната инвестиција потрошена досега е 50,5 милиони евра“, рече Љупчо Георгиевски директор на Агенцијата за државни патиша.
Оливера Жежова