Јавна администрација

Меѓународен ден на јавната администрација

24.06.2025 12:27

Законот за правична застапеност ќе биде испратен до Венецијанската комисија. При вработувањето ќе се регулира со подзаконски акти, најави министерот Минчев. Ќе ја направиме јавната администрација место на шанса, не на пораз. Ќе го вратиме достоинството на јавниот службеник – но и ќе воведеме повисоки критериуми на отчетност – премиерот Мицкоски со порака до административците на Меѓународниот ден. Синдикатот на УПОЗ се надева на повисоки плати.

Законот за правична застапеност прво пред Венецијанската комисија, а потоа во собраниска процедура пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти. Групата експерти го „стокми“ предлогот, надлежните тврдат дека по укинувањето на балансерот, вработувањата ќе бидат врз база на компетентност и квалитет и професионалност.

Министерот е уверен дека новите законски решенија ќе бидат пресвртница во реформата во јавната администрација. Премиерот Мицкоски бара резултати и посветеност од административците.

Синдикатите бараат повисоки плати за службениците – од УПОЗ предупредија дека во правосудството нема зголемување на примањата.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, сите согласни дека се потребни коренити реформи.

 

Ана Јосифовска